Гимнастичарите на „Атлета“ со пет медали се вратија од Битола

Две златни медали, еден сребрен медал и две бронзени медали за гимнастичарите на „Атлета“ од Куманово на Државното првенство во Битола во спортска гимнастика во поединечна конкуренција.

Натпреварите беа во „А“ програма во машка и женска категорија и во „Б“ програма во машка категорија.

Кај машките „А” програма до 9 години, Калин Илијевски освои прво место во категорија помлади пионери, а во „Б“ програма постари јуниори Милош Јовановиќ исто така се избори за прво место. Георгиј Мартиновски освои второ место во категорија помлади јуниори и Глигор Трајковски освои трето место во категорија помлади пионери.

Во женската „Б” програма Милица Митровска освои 3. место во категорија пионерки во поединечна конкуренција.

Коментари

коментар(и)