Од денеска почнува исплатата на пензиите

Од денеска почнува исплатата на пензиите на филијалите на комерцијалните банки. Пензионерите ќе земаат повисоки пензии за 5,3 отсто согласно методологијата за раст на пензиите. Од ова зголемување најмногу ќе искористат корисниците на највисоки пензии што според пресметките би изнесувало околу 3.700 денари, а пензионерите со ниски примања на своите сметки ќе добијат само 700 денари плус.

Во Македонија живеат околу 330.000 пензионери, најголемиот дел од нив, над 97.000 се со пензии до 13.000 денари.

Коментари

коментар(и)