Горан Димитријевиќ се враќа на тренерската позиција во Кошаркарскиот клуб Куманово и ќе го предводи клубот во борбата за излез од Втората лига сезонава.
Помошник тренер ќе му биде Тино Шаботиќ, кој воедно и ќе биде дел од играчкиот состав на клубот.
Како што информираше претседателот на клубот Виктор Божиновски, клубот ќе биде составен од играчи од Куманово и Скопје.
Натпреварите започнуваат во сабота, кога во првото коло КК Куманово му гостува на Мега Баскет во Скопје, додека домашните натпревари ќе се играат во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.