Во Сув Орах Пет изгореа хектари сува трева и шума

Пет хектари сува трева и нискостеблеста шума изгореле вчера во пожар во селото Сув Орах во општината Старо Нагоричане.

Според Регионалниот центар за управување со кризи, пожарникари на ТППЕ Старо Нагоричане излегле на терен, а гаснењето на пожарот траело околу три часа.

Причините за избувнување на пожарот засега се непознати.

На територијата на Куманово, пак, во селото Проевце гореле запален смет и сува трева, додека во атарот на селото Режановце рано утринава било интервенирано на запалено стрниште.

Коментари

коментар(и)