Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото денонќие интервенирале на повеќе локации. Запалена сува трева и стрниште пожарникарите гаснеле на потегот Долно Којнаре- Речица, во селото Никуштак, а интервенирале и на опожарена куќа на улицата „Мирче Ацев“ во Куманово.
Запалена сува трева, стрниште и неколку кубици огревно дрво пожарникарите од Старо Нагоричане гаснеле во селото Драгоманце.