„Денови на мед 2023“ од утре на градскиот плоштад

Утре започнува традиционалната манифестација „Денови на мед 2023“ во организација на пчеларското здружение „Пчела“. Саемот ќе биде тридневен, а ќе се одржи на градскиот плоштад. Свеченото отворање на „Денови на мед“ ќе биде во 10 часот. Инаку, наредните денови граѓаните ќе имаат можност како и секоја година да си купат мед и други пчелни производи по саемски цени.

Коментари

коментар(и)