Интерес од кумановци и за бугарската претстава „Седумте стола“

Со претставата „Седумте стола“ вчеравечр продолжи репертоарот на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Инаку, станува збор за комедија во изведба на Драмски театар од Ловеч, Република Бугарија во која улогите ги играат Пенко Господинов, Петко Венелинов, Борјана Бабанова, Георги Грозев, Елица Костова, Павел Емилов и Јавор Костов Јаша.

Режисер на претставата е Дамјан Танев.

Утревечер љубителите на комедијата ќе имаат можност да ја проследат претставата на Драмски театар „ Кафез со кокони“ со почеток во 20 часот.

Коментари

коментар(и)