Одбележување на Светскиот ден на менталното здравје

Општинската организација на Црвен крст од Куманово денеска го одбележа Светскиот ден на менталното здравје. По тој повод во средното техничко училиште ,,Наце Буѓони‘‘, психологот Дивна Јанкова одржа трибина на тема „Важноста на менталното здравје во заедницата‘‘.

На оваа трибина присуствуваа 50 ученици и беше истакната важноста и грижата за менталното здравје, како да помогнеме на другите и како да се грижиме за своето ментално здравје. Исто така, на трибината беше промовирано и видеото изработено од Центарот за ментално здравје и психосоцијална поддршка.

Коментари

коментар(и)