Пожарникарите вчера со неколку интервенции

Неколку пожари имало вчера во поширокиот кумановски регион. Според Регионалниот центар за управување со кризи, вчера предпладне избувнал пожар во поранешен Хотел „Кристал“, каде што горел смет во напуштените простории. Пожар имало и кај муслиманските гробишта,  горела сува трева. Сува трева горела и покрај автопатот Куманово – Скопје во близина на бензинската станица „Лукоил“, но во липковските села  Лојане и Слупчане.

Пожари имало и на подрачјето на Општина Старо Нагоричане. Во селото Никуљане гореле сува трева, стрниште и ниско-стеблеста вегетација, а во селото Младо Нагоричане гореле сува трева и стебла од пченка, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Коментари

коментар(и)