Во сообраќајна незгода повредени мотоциклист и велосипедист

Во СВР Куманово на 14 октомври попладне било пријавено дека во с. Доброшане се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од 20-годишен кумановец и велосипед управуван од малолетник од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што соопштуваат надлежните, во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетникот се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Куманово.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)