Превентивни активности на МВР

На подрачјата на Секторите за внатрешни работи Куманово, Скопје, Тетово и Велес вчера беа реализирани повеќе превентивно-едукативни активности посветени на децата од основните училишта.

Taкa, Отсекот за превенција при СВР Куманово во основното општинско училиште „Толи Зордумис“  реализираше едукативна работилница „Кажи не на дрогата-да на животот“, посветена на превенција од зависностите од дрога. Во рамки на работилницата, учениците беа запознаени со повеќе аспекти од превенцијата и спречувањето на зависностите од дроги и психотропни супстанци кај младите, за законските реперкусии и други последици што произлегуваат од користење и трговија.

Исто така, во спортската сала на ООУ „Крсте Мисирков“ во Куманово вчера беше организиран турнир во футсал меѓу ученици од средните училишта во градот.

Мотото на турнирот е „Спорт да, дрога не“, а го организираа полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово со Општински совет за превенција на детско престапништво.

– Целта на овие натпревари е да им се пренесе пораката на младите дека преку игра, дружење и меѓусебно почитување сите ќе имаме безбедна заедница, велат од кумановската полиција.

На победниците им беа доделени трофеи и дипломи, додека на другите учесници им беа врачени благодарници.

Коментари

коментар(и)