Кумановец дел од М19 репрезентацијата која се пласираше во елитната фаза квалификации

Младата репрезентација на Македонија до 19 години во последното коло од квалификацискиот турнир во Полска одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Казахстан. Дел од составот е и Давид Стојановиќ од Куманово, кој го брани голот на Македонија. Избраниците на селекторот Тони Јакимовски успеаа на крајот да завршат втори во својата група и да обезбедат пласман во следната елитна фаза на квалификации.

Коментари

коментар(и)