Актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити денеска ќе го посети Здравствен дом Куманово, а локалните медиуми, иако непоканети на настанот, ќе се обидат да добијат одговори од надлежните на прашања поврзани со неколку актуелни теми во кумановското здравство. Една од нив е и смената на директорката на Општа болница Куманово Билјана Ивановска, која што беше назначена на функцијата директор на болницата пред неполн месец.
На нејзиното место, неофицијално е назначен д-р Фати Џемаили, единствениот уролог во кумановската болница.
Локалните медиуми очекуваат одговори од ресорното министерство.