Здружението на граѓани – Друштво на писатели на Куманово вчеравечер во Занаетчиски дом организираше литературно – музичка вечер. На манифестацијата беа доделени награди за најуспешните литературни творби и пофалници за сите учесници на литературниот конкурс, по повод Денот на градот. Програмата беше збогатена со музички настап на ученици од музичкото училиште „Панче Пешев”, средните училишта „Наце Буѓони” и „Перо Наков” и балетското студио „Ултра”.