Здравствениот дом доби современи услови за работа

Министерот за здравство Фатмир Меџити вчера го посети Здравствениот дом Куманово каде заврши процесот на реновирање, со цел обезбедување современи услови за работа какви што пациентите и здравствените работници заслужуваат.

-Денеска сум во посета на Куманово, каде се реализирани повеќе реновирања. Извршена е замена на прозорци, монтажа на централно греење, опремени се со нов мебел, Брзата помош и детскиот оддел, а стоматолошката амбуланта има нови работни столови. Заменети се покривите и на амбулантата „Тоде Мендол” која е дел од Здравствениот дом во Куманово, соопшти Меџити.

Во текот на посетата Меџити информираше дека Здравствениот дом доби и нови апарати за ЕКГ, аудиометар и апарат за офталмолошки скрининг на кој ќе се вршат проверки за способност за гледање за кандидати за возачки дозволи, вработувања, едукација и систематски прегледи.

Процесот на реновирање, кој значајно ќе го подобри квалитетот на здравствената заштита која Здравствен дом Куманово ја обезбедува траеше една година, а инвестицијата е над 11,3 милиони денари, соопшти МЗ.

Коментари

коментар(и)