Основното училиште „ Крсте Мисирков“ одбележува 75 години од своето постоење. По повод патрониот празник денеска во Занаетчискиот дом се одржа пригодна приредба подготвена од учениците и наставниците. Се пееше, се рецитираше, публиката аплаудираше. Се доделија и награди и признанија на пензионираните наставници, Стојанка Дудучки, Цветанка Стојановска и Драги Димитриевски.
Патрониот празник се одбележува под мотото „ За тебе пееме со љубов“.