Приведен кумановец кој крадел од автомобили

Дваесет и осумгодишен кумановец бил приведен изминатата ноќ кога бил откриен како се обидува да ограби паркирано возило.

Според СВР Куманово, на булеварот „Октомвриска револуција“, ноќва кумановецот бил затекнат при обид да одземе предмети од паркирано возило.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека во текот на вечерта со употреба на сила влегол во неколку автомобили на различни локации во Куманово и одзел предмети.

Кумановецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)