ВИДЕО: Интензивно се гради железничката пруга

Интензивно се гради железничката пруга од Куманово до Бељаковце. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на Македонска железница,Зоран Трифуновски извршија увид во работата на изградбата на пругата во населбата „Перо Чичо“. Изградба на првата фаза односно делницата од Куманово до Бељаковце во должина до 31 километар е во вредност од 40 милиони евра. Изградбата на железничка пруга од Куманово до Крива Паланка и во следна фаза до границата со Република Бугарија е инвестиција од преку 700 милиони евра. За втората фаза, од Бељаковце до Крива Паланка инвестирани се 155 милиони евра за изградба на 34 километри нова пруга.

Коментари

коментар(и)