Две лица од Куманово ноќва биле физички нападнати од повеќе други лица, информираат денеска од полицијата.
Според СВР Куманово, утрово во 01.45 часот во СВР Куманово, 31-годишен кумановец пријавил дека на улицата „Бранко Радичевиќ“ во Куманово, тој и 26 -годишно лице биле физички нападнати од повеќе лица.
Од полицијата посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.