Манастирот во Матејче и џамијата во Табановце, два сакрални објекти од поширокиот кумановски регион се опфатени во проектот „Скриена убавина“ на НУ Музеј Куманово и ЛАГ Абер 2015. Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче и „Коџа Мехмет Беј“, џамијата во Табановце се заштитени со закон. Имаат културно, историско значење, ликовно, архитектонско значење, сестрано од повеќе аспекти. Но, важно е до двата споменика да има пристапен пат, сметаат од кумановскиот музеј.