Преку прекуграничен проект, јавните претпријатија „Водовод“ од Куманово и Врање набавија градежни машини за потребите на граѓаните, соопштија денеска надлежните од претпријатијата кои го промовираа проектот во Куманово.
Проектот „Зајакнување на прекуграничната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија со заедничка цел, подобрување на животната средина“ има за цел да понуди поквалитетни услуги кон граѓаните преку набавка на опрема за двете претпријатија.