Одбележан Светскиот ден на волонтерството

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на волонтерството, на вчера во просториите на општинската организација на Црвен крст беше организирана неформална дружба со цел изразување почит и благодарност на волонтерите кои во изминатата година несебично го посветија своето време изразувајќи хуманост и помагајќи на социјално загрозени семејства, како и организирајќи најразлични активности од забавен карактер, но со јасна цел.

Најпрвин беа презентирани резултатите на волонтерите од Клубот на млади, а подоцна на 26 активни волонтери со значаен придонес во реализација на активностите им беа доделени благодарници, како и мали подароци, кои притоа меѓусебе споделуваа впечатоци и искуства од спроведените активности.

Коментари

коментар(и)