ВИДЕО: Патронен празник на ООУ „Карпош“

Основното училиште „Карпош“ од село Умин дол денеска одбележува 95 години постоење. По повод патрониот празник деновиве реализирани се повеќе спортски активности во училиштето, а свечената приредба со петнаесетина точки подготвени од учениците и наставниците се одржа денеска во просториите на нижото музичко училиште „Панче Пешев“. Училиштето „Карпош“ целосно беше реконструирано пред две години, недостасува само училишна спортска сала.

 

Коментари

коментар(и)