Посебен режим на сообраќај на автопатот кај Миладиновци

Од вчера е воведен посебен режим на сообраќај на десната коловозна лента на автопат Скопје-Куманово во близина на Миладиновци во должина од еден километар, информира Авто мото сојузот.

Како што се наведува во информацијата, затворени за сообраќај се коловозните ленти за принудно запирање и за возење па сообраќајот се одвива по левата сообраќајна лента за претекнување.

АМСМ информира и дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Коментари

коментар(и)