Владата прогласи кризна состојба поради зголемената појава на пожари на територијата на целата земја. Владата со одлука оваа кризната состојба да трае 30 дена.
Во продолжение дел од одлуките:
Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ангажира полициски сили во функција на поддршка при гасење на пожарите;
Се задолжува Министерството за здравство и здравствениот персонал од општа и медицина на трудот да бидат во приправност за времетраењето на кризната состојба;
Се задолжува Министерството за финансии да обезбеди дополнителни наменски финансиски средства доколку за тоа се покаже потреба;
Се задолжува Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи, да ги следи состојбите, да координира со активностите и редовно да ја информира Владата;
Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на акциски план за превенција и справување со пожарите, како и целосен преглед на расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување.
Од Владата апелираат до граѓаните за внимателност при движење во шумите, шумските појаси и областите зафатени со пожари.