Две третини од запишаните ученици се во стручните училишта

Средното стручно образование е поатрактивно за упис на идните средношколци, отколку гимназиското. Во првиот уписен рок за учебната 2024-2025 година соодност на запишани ученици е околу две третини, наспроти една третина, односно 73,8 отсто се запишани во  стручните училишта, а само  26,2 отсто во гимназиите во земјава.

-Во двете пријавувања вкупно се запишаа 15.481 ученици, од кои 11.428 ученици во стручно и 4.652 во гимназиско образование, информираат од Министерството за образование и наука (МОН).

Анализите и податоците на Центарот за стручно образование и обука покажуваат дека неколку години наназад за учениците примамливо е дуалното образование, со кое е предвидено освен теорија и практична настава во компаниите, образование кое го бара домашниот бизнис сектор, но и европскиот пазар на труд.

Коментари

коментар(и)