Девет нови случаи на голема кашлица за десетина дена во општина Куманово

Девет нови случаи на голема кашлица( пертусис) во општина Куманово се пријавени во Центарот за јавно здравје во последните десетина дена, информираше денеска раководителката на Епидемиолошкото одделение, д-р Јадранка Стаменковска.

Според надлежните, се уште е во тек пријавената епидемија од март месец годинава. Минатитот месец биле евидентирани 20 нови случаи на голема кашлица во североисточниот регион, а месецов бројот на новозаболените се уште веројатно не е конечен.

Инаку, голема кашлица (пертусис) е акутно, заразно респираторно заболување кое се карактеризира со напади на кашлица, а го предизвикува бактеријата Bordetella pertussis. Бактеријата која ја предизвикува големата кашлица може лесно да се пренесе од човек на човек преку капките кои се исфрлаат при кашлање, кивање или гласно зборување на заболениот.

Најдобар начин за превенција на голема кашлица е вакцинацијата, порачуваат надлежните.

Коментари

коментар(и)