На 11 август годинава во 08 часот ќе биде осветена црквата Свети Ѓорѓија во кумановското село Клечовце.
„Овој светол храм ќе биде осветен од страна на Кумановско-осоговска епархија Негово Високопреосвештенство митрополит г. Григориј“, пишува во објавата на социјалната мрежа Фејсбук.
Во меѓувреме и старото црквиче доби нов изглед благодарение на донации од поединци и компании.