Опожарена нискостеблеста и мешана шума во село Руѓинце

Нискостеблеста и мешана шума гореше во текот на вчерашниот ден во атарот на селото Руѓинце во општината Старо Нагоричане.

Според регионалниот центар за управување со кризи, пожарот вчеравечер бил локализиран.

Во гаснење на истиот учествувале осум пожарникари со три возила од ТППЕ Старо Нагоричане, двајца пожарникари со едно возило од Ранковце, како и шестмина пожарникари со две противпожарни возила од Куманово.

Пожарот бил ликвидиран околу 20 часот вчеравечер, но една екипа пожарникари од Старо Нагоричане дежурала на терен цела ноќ.

Засега не е позната причината за избувнувањето на пожарот.

Коментари

коментар(и)