Волонтерите од Црвен крст -општинска организација Куманово во соработка со Центарот за интеркултурен дијалог го организираа традиционалното хуманитарно летно кино.
Настанот се одржа во училишниот двор на ООУ „Вук Караџиќ“, а се собираа и парични средства и училишен прибор, кои ќе бидат наменети за децата од социјално загрозени семејства.
Филмот кој што се прикажуваше беше „Legally blonde “.