Општинската организација на Црвен крст Куманово ги повикуваа сите спортисти, хуманитарци и активисти, на 31 август во спортскиот комплекс Соколана да бидат дел од хуманитарна трка. Котизацијата е во вредност од 100 денари, но истата може да се плати со парче училишен прибор.
„ Ајде заедно, за нас и нашето здравје да ги истрчаме 5-те круга на атлетската патека правејќи добро дело! Можете да се пријавите на линкот (https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdbrqBgijJoBNkPKUQyQk7hEmPRTm4F8j3LI6S8bodBF_LwIg/viewform?usp=sf_link) или во моментот пред почетокот на трката. Испраќајќи ги последните жешки денови од август да му помогнеме на секое дете безгрижно да го започне септември“, се вели во соопштението.