Изложба на расни кучиња во Куманово в сабота викендов

Кинолошкото друштво „Кинолог“ од Куманово в сабота, на 21 септември, на терените на градскиот кеј организира меѓународна изложба во убавина за сите видови на расни кучиња. Се очекуваат и има пријавено излагачи од државата, повеќе европски земји и соседството. Оценувачи ќе бидат меѓународни реномирани судии од Македонија, Србија и од Унгарија.

„Официјалниот дел за сите излагачи започнува во 08 часот кога се отвора канцеларијата каде што ќе треба да се подигнат редните броеви и листите за оценка. Изложбата треба да започне во 10, а се планира да трае до 15 часот кога ќе бидат прогласени најубавите кучиња на изложбата“, информира претседателот на „Кинолог“ Куманово, Марко Митровски.

Во истовреме, на истите терени ќе се одржи и државна специјализирана изложба за расата кавкаски овчар, во организација на Македонскиот клуб за кавкаски овчари, а утредента (недела) ќе има државна изложба во Свети Николе. Линк за пријава на изложбите може да се најде на официјалните фан страни на кинолошко друштво „Кинолог“ Куманово, кинолошко друштво „Балканец“ Свети Николе и Македонски клуб за кавкаски овчари.

Пријавувањето трае до четврток до 24 часот.

Повеќе детали околу подготовките, организацијата на втората меѓународна изложба, а десетта по ред во Куманово, во вестите во 18 и 22 часот од разговорот со претседателот на кинолошкото друштво „Кинолог“ Куманово, Марко Митровски.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)