Министертвото за внатрешни работи информира дека вчеравечер во 20.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 41-годишен кумановец.
Според МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела и кафеава прашкаста материја и дигитална вага. Кумановецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.