МВР соопшти дека вчеравечер во 23.00 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го привеле 19-годишен државјанин на Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека лицето приложило туѓа патна испарава.
Тој бил предаден на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово за понатамошна постапка.