Завршува проектот „Зајакнување на прекуграничните односи помеѓу РСМ и РС“

Во ресторан Грација денеска се одржа завршна прес-конференција во рамките на проектот „Зајакнување на прекуграничните односи помеѓу РСМ и РС со заедничка цел подобрување на животната средина“, програма финансирана од ЕУ. Преку Центарот за развој на Североисточниот плански регион, партнери во проектот се јавните претпријатија „Водовод“ од Куманово и „Водовод“ од Врање. Основната цел на проектот е да ги подобри условите на живот во регионот преку мерки кои ќе спречат или ограничат негативно влијание на поплавите. Со заеднички напори, двете држави работеа на намалување на ризокот од поплавии неоходни мерки за превенција и ублажување на последиците од климатските промени, одржување на канализациониот систем за отпадни води кои собираат голем дел од атмосферската вода, при дожд како и самата атмосферска канализација, обезбедување на видливост на проектот, организација на обуки, работилници, набавка на специјална опрема ( цистерна за миење и одржување на канализациониот систем под висок притисок) за ЈП „Водовод“ Куманово и машина за превентивни и итни интервенции на водотеците и придружните атмосферски колектори за ЈП „Водовод“ Врање.

„Проектот „Зајакнување на прекуграничните односи“ не само што ги унапреди нашите капацитети за управување со поплави, туку исто така ја зацврсти нашата соработка и ја продлабочи нашата партнерска врска“, потенцираат надлежните.

На завршната прес-конференција беа презентирани активностите и остварените резултати во рамките на проектот.

Вкупниот буџет изнесува 317.406 евра, од кои 187.426 евра за ЈП „Водовод“ од Куманово, а 129.979 евра за „Водовод“ од Врање.

Проектот „Зајакнување на прекуграничните односи меѓу Македонија и Србија“ започна да се имплементира на 23 март минатата година, а завршува на 23 септември годинава.

 

Коментари

коментар(и)