Започна реализацијата на проектот „Улично осветлување“

Со денешното примопредавање на опремата за инсталација на соларните светла на одредените локации во општина Куманово, започнаа активностите во рамките на проектот  „Улично осветлување“.
Договорот беше потпишан помеѓу општина Куманово и Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ од Скопје.
За реализација и монтажа е ангажирана фирмата ИЦС Системи, јавен приватен партнер на општината, чија функција е одржување и унапредување на уличното осветлување.
Во акцијата доброволно ќе учествуваат и претставници од ромската заедница, бидејќи опремата за осветлување ќе биде поставена на локации каде што претежно живеат припадници на оваа етничка заедница.

Коментари

коментар(и)