Промовиран документарниот филм „The Hip-Brainstorm“ во Куманово

Долгометражниот музички документарен филм The Hip-Brainstorm вчеравечер беше прикажан во Занаетчиски дом – Куманово.

Идеен творец на филмот е Љубиша Петрушевски, основачот и декан на Еуро Колеџ, кој од 1988 до 2003- та година активно се занимавал со музика, а бил и претседател на Музичка младина, а е во режија на Јане Алтипармаков.

Филмот бил промовиран во 2020-та година во Скопје, прикажан е во уште неколку градови, како и на фестивали во земјава и надвор од Македонија, а неколкупати  е наградуван.

Во продолжение дел од изјавите на Алтипармаков и Петрушевски.

„Јас долго времe пуштав музика во Куманово бидејќи паралелно, покрај со филм, се занимавав и со презентација на музички содржини и пуштав музика и моите пријатели од Куманово ми спомнаа во еден момент пред десетина, можеби и дванаесет години – мора да се запознаеш со професорот Љубиша Петрушевски, слушате многу слична музика и можеби не е лошо да се направи некаква соработка. Јас Љубиша веќе го познавав преку текстови и преку неговиот ангажман со групата The Hip бидејќи некаде во 90-ти кога бев средно школо бев голем фан на таа музика и на тој бенд конкретно. Веднаш им кажав на пријателите, би ми било особено задоволство и чест да соработувам, да сработиме некој филм заедно, се запознавме со Љубиша, веднаш „кликнавме“, после некое време почнав да одам и на културолошки студии заедно со другиот дел од екипата која што работеше на филмот“, изјави Јане Алтипармаков, режисер на филмот

„ Куманово пред хип имаше еден феномен кој се викаше Музичка младина во кој членуваа околу 400-500 млади луѓе од Куманово кои всушност се заслужни за се ова што се случи во Куманово, што може да го наречеме некоја рок револуција во периодот од 1988 до 1998- та година. Ние создадовме прво списание за музика и култура, создадовме радион емисии, телевизиски емисии, што е уште поважно, отворивме клубови, еден од клубовите беше токму овде, се нарекуваше Ариел на времето, и овде гостуваа големи бендови, се сеќаат повозраните на EКВ, на Електрични оргазам, Партибрејкерс итн. и ова беше местото каде што созреаа тие големи кумановски бендови… Сите тие не останаа да бидат локални феномени, туку направија голема популарност и како што гледаме огромно внијание на целата сцена во Македонија“, изјави Љубиша Петрушевски, идеен творец и продуцент на документарниот филм.

Повеќе за наградуваниот документарен филм во вестите во 18 и 22 часот.

Коментари

коментар(и)