Мотоциклист повреден во сообраќајна незгода на регионален пат во липковско

МВР информира за сообраќајна незгода која се случила синоќа во 22.25 часот на регионалниот пат Слупчане – Граничен премин Белановце, помеѓу мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од 20-годишен жител на село Слупчане, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 46-годишен жител на село Липково и патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 40-годишен жител на село Слупчане.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)