„Трка за мир“ организираше здружението „Доверба“

Здружението „Доверба“ од Куманово денеска на атлетската патека кај техничкото училиште „Наце Буѓони“ организираше „Трка за мир“ со ученици од средните училишта. Станува збор за завршен настан од реализацијата на проектот „Неми сведоци“.

Како да се препознае булингот, како да се превенира, дали треба и како да се вклучат родителите во споделувањето на информациите поврзани со булингот се само дел од темите кои се опфатени во проектот.

Повеќе детали за денешната „Трка за мир“, но и за проектот од изјавата на претседателката на здружението „Доверба“, Дивна Јанкова.

„Трката за мир“ е поддржана и од Општина Куманово, а ќе говорат раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ и претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.

Проследете ги изјавите во вестите во 18 и 22 часот.

Коментари

коментар(и)