Ветерен парк од 400 милиони евра во кумановско

Изградба на ветерен парк кај Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што посочи тој, ќе станува збор за германска инвестиција, тешка дури 400 милиони евра.

Како што истакна премиерот, до крајот на годината, две германски компании ќе почнат да вложуваат, едната, веќе присутна во земјава, ќе гради нов производен погон, а другата ќе стартува сосема нова гринфилд инвестиција.

Струјата што ќе ја произведуваат, вели Мицкоски, ќе ја продаваат на пазарот.

Во врска со проектите на општините, рече дека ќе бидат јавно објавени.

 

Коментари

коментар(и)