По повод 14 Ноември, Светскиот ден на дијабетесот учениците од трета ичетврта година, здравствена струка од техничкото училиште „Наце Буѓони“ беа дел од акција за мерење на гликемија и крвен притисок кај корисниците од Домот за стари лица „Зафир Сајто“. Акцијата беше организирана од Здружението на дијабетичари Куманово, во соработка со училиштето и старскиот дом.
„Секоја година нашите ученици учествуваат во акциите со мерење на виталните параметри со цел подигање на свесноста кај граѓаните за здрава и правилна исхрана. Дијабетесот може да се третира и неговите последици да се избегнат или да се одложат со диета, физичка активност, лекови и редовни прегледи и лекување за компликации“, велат од средното училиште „Наце Буѓони“.