Граѓанска акција „Заслужуваме подобро“

Граѓаните имаат право да дискутираат за политиката и да бидат консултирани, затоа што таа е нивното секојдневие, истакнаа активистите на граѓанската иницијатива Заслужуваме подобро. Тие сметаат дека граѓаните без оглед дали ја подржуваат власта или не, треба да бидат прашани и сослушани.
-Веруваме во разумноста на нашите граѓани и тргнувајќи од нашето право и заслужување на подобро бараме итна промена на начинот со кој се управува во државата во насока на обезбедување на подобра живеачка и…

Read More

Во гимназијата започна Олимпијада по физика

Во гимназијата Гоце Делчев утринава започна третата меѓународна олимпијада по физика, на која учествуваат 124 основци и средношколци.  Учениците од Македонија, Бугарија и Србија се натпреваруваа во експериментална физика.
-Почнавме со 70 завршивме сега со 125 ученици, што значи дека физиката како експериментална наука е многу интересна за учениците, се надеваме дека  на овој натпревар кај некого од учениците ќе побуди интерес да студира на техничките науки, кои се основа за развојот на секое општество-наведе Стојан…

Read More

Жителите на 100-ка бараат нов асфалт и мост

Улицата 100 во населбата Карпош се наоѓа во очајна состојба. Особено е за никаде делот на патот од некогашниот салон до споменикот Зебарњак. Жителите раскажуваат дека главната улица во населбата е како решето, па состојбата не можат да ја поправат ни повремените крпења на дупките. Тие додаваат дека поради лошиот асфалт мораат да одат пеш затоа што превозниците не сакаат да ги уништуваат возилата.
Освен лошиот пат на жителите на Карпош проблем им претставува и оштетениот…

Read More

НРЦ одбележа 10 години постоење

Со дебата на тема „Роми 2015, Роми 2020“, Националниот ромски центар денеска одбележа 10 години постоење. На свеченоста беше презентиран материјал за почетоците, напредокот и развојот на оваа организација од 2005 година. Пред присутните се обрати извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски кој истакна нивна целна група не се само Роми, туку лица кои се соочуваат со бариери и пристап до права.
-Сега во моментов сме лоцирани на шест градови, работиме на едно многу важно прашање,…

Read More

Се асфалтира улицата Белановска

По цели 15 години жителите на улицата Белановска во населбата Добрашане, ќе одат по нов асфалт. Дупките наскоро ќе бидат минато за граѓаните кои живеат во оваа населба. Се асфалтираат околу 2.400 метри квадратни, како дел од проектот за реконструкција на околу 7 километерската патна инфраструктура. Иако 90 проценти работата е реализирана, градоначалникот Зоран Дамјановски најави уште поинтензивна санација на патната инфраструктура во наредниот период.
-Имаме уште 10 проценти од завршување на работи за тековно…

Read More

Во Стари лозја нема асфалт, водовод и канализација

Мештаните на месноста Стари лозја, која е дел од населбата Перо Чичо, со години се без основни услови за живот. Тие немаат улично осветлување, асфалт, ниту пак канализациона и водоводна мрежа. Токму ова прашање на вчерашната седница на Советот на Општина Куманово го покрена советеникот од коалицијата за подобра Македонија, Ашмет Османовски. Според него овие луѓе се заборавени од локалната самоуправа.
-Имаат патеки кои сами ги направиле со движење, но тоа што загрижува е што се…

Read More

Промоција на „Рогот на љубовта“ на Павловски

Во Градската библиотека „Тане Георгиевски“ денеска се одржа промоција на книгата Рогот на љубовта од Божин Павловски. Станува збор за автобиографски роман, во кој дејството се случува во средината на минатиот век. Авторот посочи дека во делото е опишан ентузијазмот на младите луѓе кои тогаш пројавиле интерес за сопствено издигнување, во периодот кога започнува заминувањето во туѓина.
-Времето во кое младите сакаа да ги раскинат сите бариери и да создадат сопствена слика за светот, ми се…

Read More

Куманово го победи МЗТ Скопје

Кошаркарите на Куманово најавија возбудлива и неизвесна сезона, откако синоќа на домашен терен го победија актуелниот шампион, МЗТ Скопје, со резултат од 74:72 поени.  Домаќините играа одлично во текот на натпреварот и имаа предност дури од 12 поени, но сепак на крајот следуваше неизвесна завршница. Но големата желба и зрелост кај играчите и неверојатната поддршка од навивачката група Кумани и останатите верни фанови, беа пресудни за крајниот резултат. Со ова тимот на Љубисав Луковиќ покажаа дека…

Read More

Средношколците утре ќе протестираат

Средношколскиот пленум од Куманово утре ќе одржи протестен марш низ центарот на градот, затоа што Министерството за образование се уште не одговорило на нивните минатогодишни барања.  Маршот ќе започне во 12:15 часот од пред гиманзијата Гоце Делчев, по што средношколците ќе се упатат на Градскиот плоштад,  а ќе заврши пред Секторот за образование и наука. Тие велат дека протестите продолжуваат се додека не се смени екстерното тестирање, затоа што анамалиите влијаат врз просекот на учениците.
-Целта е…

Read More

Лица со интелектуална попреченост добија работна можност

Седум лица со интелектуална попреченост од двата дневни центри од Куманово, од денеска ќе добијат работен ангажман. Тие ќе имаат можност да го продаваат списанието Лице в лице, кое третира општествено одговорни теми, кои се наоѓаат на маргините во дневните медиуми. Од Центарот за интелектуална попреченост, Порака наша велат дека на овој начин и на нивните корисници ќе им се даде можност сами да заработуваат.
-Сите сме многу возбудени и ние како нивни едукатори прв пат…

Read More
1 777 778 779 780 781 804