Тенисерите на тенискиот клуб „Тумба“ од Куманово, Алексеј Стојановски и Марин Стефановски освоија прво и второ место на Отвореното првенство на Македонија во категоријата до 16 години – јуниори, што од 14 до 17 август се одржува во Скопје во организација на ТК „Поинтер“.
Во финалето се сретнаа токму Стојановски и Стефановски, двајцата членови на ТК „Тумба“ од Куманово, а шампионската титула ја освои Стојановски.
Стефановски, пак, со пласманот во финалето обезбеди одличен резултат и второ место на првенството.