Апел за дарување крв од Црвен крст Куманово

Општинската организација на Црвен крст Куманово ги повикува граѓаните да даруваат крв поради недостиг од крвните групи А+ и О+ во Институтот за трансфузиона медицина.

„Сите што се во можност, а имаат една од овие крвни групи, да даруваат крв и да помогнат во спасување на човечки животи“, стои во објавата.

Дарувањето може да се изврши во Институтот за трансфузиона медицина во Куманово, секој понеделник и четврток, во периодот од 08:00 до 13:00 часот.

„Хуманоста нема граници, а секоја донација може да биде клучна за нечиј живот“, посочуваат од Црвен крст Куманово.