Без вода десет локации во Куманово

Поради дефекти во водоводната мрежа, десет локации во градот се без вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи. Според РУЦК, станува збор за следните улици: „Никшиќка“, „Благој Илиев Гуне“ (круг на поранешна фабрика „Киро Фетак“), „Ѓуро Пуцар Стари“ бр. 64 и околни објекти, булеварот „Октомвриска Револуција“ (сектор „Стокомак“), улицата „11 Ноември “, м.в. Палестина во населбата Долно Којнаре, м.в. Стари лозја, улиците „Никола Вапцаров“ и „Веселин Вуевски“ и булеварот „Трета МУБ“ бр.114.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Коментари

коментар(и)