ВИДЕО: Богата културна програма во Куманово

Центарот за култура продолжува со низа културни активности и летово.

Концерт на фолклорниот ансамбл „Срма“, изложбата „Македонија во светот на хералдиката“ , промоција на филм, детска ликовна работилница се само дел од предвидената богата културна програма,  информираше денеска Сашо Тодоровски, директор на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово.