(ВИДЕО)Интензивно се реконструираат ученичкиот дом и работилниците на „Киро Бурназ“

Интензивно течат градежните работи од реконструкцијата на ученичкиот дом и поранешните работилници кои се дел од Регионалниот центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“. Но, освен реконструкција на постоечките, ќе се врши и пренамена на одредени простории за потребите на образовниот процес во државното средно училиште. Откако започнаа градежните работио, од февруари годинава целосно е заменета кровната конструкција на ученичкиот дом и на работилниците, отпочната е замена на фасадата, сменети се прозорците, информира директорката Весна Трајковска, посочувајќи дека е задоволна од начинот на кој што се извршуваат реконструктивните работи. По обновата на помошните објекти со кои располага „Киро Бурназ“, ќе следи реновирање на централниот училишен објект, а потоа и модернизација на училиштето и натсвниот процес со комплетно нова опрема.

-Училиштето ќе почне да се реновира во јуни месец, кога учениците ќе отидат на летен распуст тогаш ќе почне да се реконструира и оваа зграда. Можам да кажам дека додека да централната училишна зграда да се реновира, во просторијата на ученичкиот дом и околината ќе добиеме еден сосема нов лик затоа што е предвидено не само да се уредат објектите, туку ќе се уредат и целокупно партерно, ќе има и места за паркинг, мал двор, летниковец, предвидено е навистина тој дел да биде комплетно уреден, изјави Весна Трајковска, директор на ДСУ Регионален центар за стручн образование и обука „Киро Бурназ“

Паралелно со градежните активности, континуирано течат и обуките за усовршување на наставниците за понатамошно успешно функционирање на Регионалниот центар за стручно образование и обука.

-Нашите професори постојано одат на обуки бидејќи да поминеме во регионален центар не значи само да направиме една нова зграда, туку пред се да ги едуцираме и да ги усовршиме нашите наставници да можат соодвтенода си ја вршат работата. Преминување во регионален центар е еден долг период, додека навистинада почнеме да работиме како регионален центар, од искуства што ги црпеме не од соседните држави, кај нив нема ваков пример, но од Латвија, Швајрцарија, Литванија, нивните искуства покажуваат дека самиот период на транзиција на преминување од општинско обично средно стручно училиште во регионален центар мора да помине одреден период, барем 4-5 годИни па да речеме дека од овој момент работиме како регионален центар. Постојано тековно одат наставниците на обука, обуката се изведува во Куманово со локалните претпријатија, секој во рамки на својата струка, обуките се врз основа на професионален план за развој на наставниците што го имаат изготвено по струки, првенствено се дава предност на овие две струки за кои што ние и планираме да бидеме регионален центар, а тоа се од земјоделско-ветеринарната и од хемиско-технолошката струка. Она што е битно е дека по завршување на овие градежни работи, училиштето ќе биде опремено и со сосема нова опрема затоа што паралелно со сите овие работи тече и набавка на опрема, сето ова го прави МОН во соработка со Центар за стручно образование и обука, Центар за образование на возрасни, вклучени се сите институции, вклучени се и наставници од нашето училиште, за да можеме да направиме правилен избор на опрема и потоа училиштето откако ќе биде целосно реконструирано да се внесе и сосема нова опрема  која ќе послужи за понатамошниот процес на образование, изјави Трајковска.

Во „Киро Бурназ“ како регионален центар ќе се изведува и обука на возрасни, преквалификација, доквалификација, валидација на веќе стекнато знаење. Инаку, предвидено е реконструкцијата да заврши за 17 месеци.

 

Коментари

коментар(и)