(ВИДЕО) Се избира изведувач за реконструкција на кровот на ООУ „Браќа Миладиновци“

-Кровната конструкција е во многу лоша состојба, прокапува на вториот кат и со оглед дека е пандемија на ковид ние немаме оптимални услови за изведување на квалитетна настава. Минатата година во месец август кога бев именува за како вд директор на училиштето веднаш со договор со општина Куманово, ЈП Куманово – план ни изготви комплетна документација со што беше опфатена целосна санација и реконструкција на кровниот покривач на централната зграда на училиштето.

На 13-ти ноември на јавен повик од МОН, Светска банка аплициравме, проектот ни е одобрен и во моментов се наоѓа во фаза на избирање на изведувач каде што ќе биде изберена соодветна компанија и ќе се почне со санација и реконструкција на кровот. Со оглед на тоа што имавме проблеми уште на почетокот од учебната година, последната санација на кровот со буџетски средства од општината беше извршена на 09, 10 и 11 октомври годинава, но со оглед на оштетеноста на кровот, санацијата беше недоволна. И покрај тоа кровот прокапува, така што по моја иницијатива и по моја замолница единствено решение кое го имав понудено на Совет на родители беше за да може да поминеме во некои безбедни училници да учиме, една недела шестите одделенија да бидат ставени со учење на далечина, една недела седмите, една недела осмите и една недела деветтите одделенија, со тоа што ќе се падне само по една недела месечно да учат така,  но ќе учат во безбедни училници. Одлуката помина на Совет на родители, истата беше потврдена на училишниот одбор, со тоа беше известено и МОН, проблемот е решен на овој начин се додека не биде извршена целосна реконструкција и санација на кровниот покривач. Се надевам дека тоа ќе биде некој период кога учениците нема да бидат во училиште, дали ќе биде училишниот распуст, но сепак динамиката на санацијата ќе биде диктирана од МОН и од изведувачот на понудата, бидејќи тендерот не го распишуваме ние како училиште. Скоро во сите училници на вториот кат протекува, има влага , мувла, едноставно нехумани услови да се воведат учениците во училница, изјави Јасмина Спасовска, вд директор на ООУ „Браќа Миладиновци“

 

Коментари

коментар(и)