Интензивно се работи на целосно гаснење на опожарената Краста, соопшти денеска директорот на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, Сашо Томиќ. Тој апелираше до месното население да ја деблокираат депонијата, бидејќи во спротивно целиот град за неколку дена ќе биде затрупан во смет од причина што екипите на комуналното претпријатие немаат каде да го одлагаат отпадот.