Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и во наредниот период, како и досега интензивно ќе работи на расчистување на дивите депонии во градот и кумановско и покрај тоа што повеќепати во текот на годината се отстранува натрупаниот комунален отпад од истите локации, како што се локалитетот Бавчи, влезот на населбата Перо Чичо кај железничката пруга и слично, потенцираше в.д.директорот Сашо Томиќ на прес-конференцијата по повод едногодишното менаџирање со претпријатието. Томиќ смета дека за целосно решавање на проблемот со дивите депонии потребно е вклучување и на други надлежни институции.
Што се однесува до Краста, надлежните информираа дека месецов немало проблеми со функционирањето на депонијата.